вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 37

Изаири: Покрај возилата, и домаќинствата се најголеми загадувачи

Изаири: Покрај возилата, и домаќинствата се најголеми загадувачи

Изаири: Покрај возилата, и домаќинствата се најголеми загадувачи

Последни вести

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска изјави дека, според најновите истражувања, едни од најголемите загадувачи на воздухот, покрај возилата, се и домаќинставата.
Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето аа Договорот за спроведување на ИПА проектот за рехабилитација на канализациската мрежа во Куманово, Изаири рече дека е запознаен со проблемот со загадувањето, но Министерството не е ангажирано на решавање на само еден проблем, туку е надлежно и се ангажира на повеќе проблеми и на нивно решавање чекор по чекор, објави МИА.
Според него, има некои мерни станици во државата кои не се во функција поради недостиг на некои делови, но јавната набавка ќе заврши.
– Некои мерни станици се стари, а ние размислуваме за следната година. Освен да се поправат и обноват со нови мерни инструменти ќе имаме и пософистицирани мерни апарати и  ќе ја прошириме низ целата држава, рече Изаири.
Тој е запознаен, како што нагласи, и со тоа дека во Куманово не функционира мерната станица, но во брзо време, веднаш по јавниот повик за дотур на елементи кои недостигаат, повторно ќе биде ставена во функција

Најчитани вести