ВМРО-ДПМНЕ: Груевски од Израел се врати со договори, Заев со деманти

Граѓаните ја гледаат разликата меѓу посетата на Никола Груевски на Израел и посетата на Зоран Заев на Израел, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од опозицијта кои се однесуваат на посетата на премиерот на Израел.

Никола Груевски се врати во Македонија со државни договори како доказ за одличната соработка меѓу двете земји.

Зоран Заев се врати во Македонија со деманти од официјален Тел Авив и срамни написи по европските медиуми.

Никола Груевски и Македонија во Израел беа пречекани како најдобри пријатели од страна на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Зоран Заев имаше кратка куртоазна посета на Израел, како што изјавија самите официјални лица во демантите со кои ги поништија лагите на лидерот на СДСМ, што самото по себе претставуваше дипломатски куриозитет.

Две работи се сигурни. Едната е дека Зоран Заев ќе продолжи да биде првиот човек кој бил демантиран од државата Израел, за лажни изјави.

Втората сигурна работа ја знае цел СДСМ. На 24 април доаѓа крајот за ваквите манипулаторски обиди на СДСМ. За 135 дена народот ќе им пресуди десетти пат по ред.