понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Србија постави табла со „БЈРМ“ на Коридорот 10

„Ним сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во Унеско гласаа за прием на Косово?“, посочил шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ.

Србија постави табла со „БЈРМ“ на Коридорот 10

Србија постави табла со „БЈРМ“ на Коридорот 10

Последни вести

Пред десетина дена, српските власти поставија табла со ознака „БЈРМ“  на новата делница на Коридорот 10, што предизвика негодување кај македонските власти, кои итно ја повикале амбасдорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ. Министерството за надворешни работи пренел устен демарш поради поставувањето на таблата.

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ изјави дека не гледа причина за забелешките на Македонија во врска со таблата, пренесуваат српските медиуми.

„Ним сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во Унеско гласаа за прием на Косово?“, посочил Дачиќ.

Српскиот министер за надворешни работи истакнал дека овие аргументи ги изнела и амбасадорката на Србија во Скопје, на средбата во македонското Министерство за надворешни работи.

Министерството го образложува својот протест со тоа што Србија ја призна Македонија под уставното име иако во Обединетите нации се води под ознаката „ПЈРМ“ (FYROM)  бара таблата на патот Владичин Хан – Доњи Нерадовац, да биде итно остранета.

„Крајно време е да престанеме да работиме против сопствените интереси. Точно е дека Србија ја признава Македонија под тоа име, за разлика од европските држави, но тоа е направено уште под Милошевиќ, во деведесеттите години. А Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. Несфатливо е што поголем пријател ни е една Индонезија, отколку некои соседни држави“, истакнал Дачиќ.

Македонија беше меѓу 92-те земји кои на почетокот на ноември, на Генералната конференција на УНЕСКО за  прием на Косово во оваа организација.

 

Најчитани вести