недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 16

Два милиона евра германска поддршка за Македонија за бегалската криза

begalci1

Последни вести

Германија и ставила на располагање на Македонија два милиони евра од август 2015 година по зголемување на бројот на бегалците кои транзитираат низ земјата кон Западна Европа.

– Откако се заостри бегалската криза, од која и Македонија е погодена, Германија до денес стави на располагање средства во висина од 2 милиона евра за поддршка на земјата во справувањето со оваа криза, соопшти денеска германската Амбасада во Скопје.

Помошта, како што се наведува, се реализираше со македонски партнери на лице место, а општините и нивните граѓани, кои се особено засегнати, добија поддршка преку конкретни мерки.

Во август 2015 година Германија доделила 200.000 евра итна помош во за згрижување на бегалците кои транзитираа низ Македонија (храна, хигиенски артикли) преку Германскиот Црвен Крст (ДРК) во партнерство со Македонскиот Црвен Крст.

Во септември дадени се 400.000 евра за работата на германската организација за помош Арбеитер – Самаритер – Бунд со македонскиот партнер „Преда+“ за згрижување на бегалците, како и за уредување на санитарни чворови во транзитниот центар Табановце.

Петстотини илјади евра Германија доделила во октомври преку Германскиот Црвен Крст (ДРК) за работата на Македонскиот Црвен Крст при згрижување на бегалците во Табановце со ќебиња, облека, хигиенски артикли и друго. Истиот месец, како што се наведува во соопштението, 500.000 евра се дадени преку УНХЦР за поддршка на локалните структури при справувањето со бегалскиот прилив.

Преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) се дадени 200.000 евра за финансирање на пет мобилни тимови за згрижување на бегалците во Гевгелија и Табановце во соработка со македонската невладина организација „Отворена Порта – Ла Страда Македонија“. Исто толку средства преку ГИЗ за инфраструктурни проекти во општините Гевгелија и Куманово за ублажување на товарот на овие општини и нивните граѓани предизвикан од бегалската криза (особено отстранување на отпадот). Комуналните претпријатија на тие општини се партнери на лице место, стои во соопштението од Амбасадата нја Германија во Македонија.

Најчитани вести