ИД остварила профит од 1,5 милијарда долари во Сирија и Ирак

Екстремистите од Исламската држава оствариле профит од повеќе од 500 милиони долари од продажба на нафта на црниот пазар и милијарда долари стекнати од грабеж од трезори на банки во Сирија и во Ирак, соопшти денеска американскиот министер за финансии, Адам Субин.

Припадниците на оваа група се вклучени во трговија на нафта во вредност од дури 40 милиони долари месечно, а значајни количини се продадени на владата на претседателот Башар ал Асад, додека дел е продаден преку граница во Турција, кажал Субин.

Тие се обидуваат да се убијат едни со други, а и понатаму се вклучени во трговиј вредна милиони и милиони долари.

Голема количина нафта на ИД завршила под контрола на Асад, додека дел се користи на подрачје што е под контрола на екстремистичката група, но дел завршува во курдските области и во Турција, истакнал Субин.