Хорор во Дебар: Татко три месеци ја силувал малолетната ќерка

Хорор во Дебар – четириесет и осумгодишен маж неколку месеци ја силувал својата малолетна ќерка.

Од полицијата денес информираат дека 48 годишниот татко на шести овој месец, во својот дом, насилно извршил обљуба врз неговата 14 годишна ќерка, а настанот е пријавен наредниот ден.

-Веднаш по добивањето на пријавата известен е Центарот за социјални работи од Дебар. Од разговорот со оштетената било констатирано дека вакви дејствија се случиле повеќе пати и започнале пред три и пол месеци. По наредба на Јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на оштетената, соопштуваат од СВР Охрид.

Против таткото е поднесена кривична пријава за “родосквернавење“, а одредена му е мерка притвор до 48 часа и истиот е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор“-Скопје.

Пријавениот е и претходно познат сторител на казнени дела и против него се поднесени кривични пријави за кривични дела насилство, предизвикување општа опасност, измама и фалсификување на исправи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.