сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Жалбата на Мишел Платини е одбиена

Мишел Платини загуби уште една битка откако Спортскиот суд за Арбитража во Лозана денеска ја одби неговата жалба со која бараше укинување на суспензијата што му беше изречена од страна на Комитетот за етика на ФИФА.

platini ke go spasi

Поврзани вести

Французинот се надеваше дека со укинувањето на суспензијата ќе добие зелено светло за кандидатура за претседател на ФИФА, но тоа не се случи откако арбитражата пресуди дека не добила доволно аргументи за да ја смени првобитната пресуда.

Само за потсетување, Платини е суспендиран поради земените пари во висина од неполни два милиони евра од страна на првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер.

И Платини и Блатер тврдат дека не станува збор за корупција, туку за исплата на пари за претходно извршени задачи од страна на Французинот за светската куќа на фудбалот. Сепак, симптоматично е што исплатата е извршена неколку месеци пред реизборот на Блатер за претседател на ФИФА, што само по себе предизвикува дополнителни сомнежи.

Ваквиот развој на настаните значи дека Платини нема да може да присуствува на утрешната ждрепка на групите за ЕВРО 2016, а во текот на следната седмица ќе се одржи нова седница на Комитетот за етика на ФИФА, на која се очекуваат и конкретни казни за Блатер и за Платини.

Доколку биде докажана корупција, тогаш двајцата најверојатно ќе заработат доживотни забрани од било каква работа поврзана со фудбалот.

Најчитани вести