Досега издадени потврди за азил на 325.543 мигранти

Министерството за внатрешни работи издало вкупно 3.784 потврди на мигранти за остварување на правото на азил во текот на изминатите 24 часа.

Од нив 1.505 се од мажи, 804 се жени, 1.411 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 64 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.783, Авганистан–870, и Ирак-1.131.

Во периодот од 19 јуни 2015 до вчера издадени се потврди на вкупно 325.543 странски државјани, од кои, 182.999 се од машки пол, 52.329 се од женски, 72.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.783 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-188.361 потоа Авганистан-79.063, Ирак-36.678, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

Изминатото деноноќие до Секторот  за азил не е поднесено  барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 10 декември 2015 година евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои шест мажи, три жени, 14 деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил две малолетни лица без придружба на старател и два мажи се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.