„Курир“: Нов мебел и нови луѓе кај Спасовски

„Курир“: Нов мебел и нови луѓе кај Спасовски
Новиот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, набавува нов мебел во министерството за своте соработнци и продолжува со ангажманот на дебело платени советници, чии месечни примања изнесуваат околу 1.000 евра, пишува „Курир“.

Овие најнови фотографии до кои дојде „Курир“, јасно и недвосмислено покажуваат дека нов мебел влегол во канцелариите на соработниците на  Спасовски. Иако СДСМ жестоко го напаѓаше секој буџет ветувајќи дека ставката за набавка на канцелариски мебел и опрема ќе ја сведеле на нула, сепак опозициските политичари во пракса го спроведуваат токму спротивното, што се потврдува со трошењето на Спасовски во МВР.

mebel-mvr

Иако Спасовски и опозициските медиуми тврдеа дека нема ништо ново во неговиот кабинет и дека се што имал во канцеларијата е тоа што го наследил од неговите претходници, како и тоа дека и во другите кабинети немало нов мебел, сепак овие фотографии јасно покажуваат дека МВР и Спасовски набавиле нов мебел.

Покрај набавката на нови фотелји и канцелариски бироа, Спасовски прилично богато и парично ги наградил своите први соработници. Според информациите кои Курир веќе ги објави повикувајќи се на извори од МВР, Спасовски склучувал со нив договори на сума од околу 60.000 денари. Дополнитело, техничкиот министер продолжува со ангажирање на свои советници, бидејќи како што дознаваме, нов советник во кабинетот на Спасовски е Горан Трајановски.

mebel-mvr-1

Според информации на „Курир“, Трајановски е вработен во МВР од 26-ти минатиот месец на работното место советник за комуникации и информатика во кабинетот на министерот, за што е направена и измена во систематизацијата.

МВР се уште молчи колку советници ангажирал  Спасовски,  на кој начин и колку  министерството ги плаќа месечно овие советници кои се ангажирани од техничкиот министер. Исто така, нема конкретен одговор дали Спасовски почнал да набавува мебел и канцелариска опрема и што точно недостасувало? Овие прашања кои се од јавен интерес од нашата редакција уредно беа испратени до Спасовски уште пред една недела, но одговор не добивме.

Јавноста ги памети ветувањата на СДСМ во Собранието дека ако дојде на власт, ставката за мебел и канцелариска опрема ќе ја сведе на нула денари, но како и многу други ветувања на опозицијата, реалноста кога социјалдемократите имаат можност да ја практикуваат власта е сосема спротивна од претходно кажаното.

Наместо нула денари, нивниот кадар Спасовски веднаш се истакна со опремување на канцеларии, скапи телефони и нови компјутери, иако дел од вработените веќе коментираа дека мебелот со кој досега се служеле бил во добра состојба и функционален. Дополнително, тие сметаат дека не би требало да има селективност, односно ако Спасовски решил да троши буџетски пари за набавка на нов мебел, за истото не треба да се ограничи само на неговите соработници, пишува „Курир“.