Македонија

Во Кичево ќе се гради пречистителна станица за отпадни води

Во Кичево ќе се гради пречистителна станица за отпадни води

Договор за изградба на пречистителна станица за отпадни води е потпишан денеска во Кичево. Со ова се очекува да се обезбеди директна заштита на водите во оваа општина.

Договорот го потпишаа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари и директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец”, Зендел Јонузи.

Вкупната вредност на проектот изнесува 8.600.000 евра, а средствата се обезбедени преку Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА). Планирана е изградба на пречистителна станица во Кичево со капацитет за 32.000 жители со можност за надоградување до капацитет од 45.000 жители.

Градбата треба да почне од овој месец и да трае 18 месеци, со гарантен период од 12 месеци. Проектот ќе го спроведува Министерството за животна средина во соработка со општината јавното претпријатие „Комуналец”.