ФБИ: Исламска држава може да печати „автентични“ сириски пасоши

Исламска држава запленила најмалку една специјализирана машина за печатење автентични сириски пасоши и многу празни примероци, предупреди директорот на ФБИ Џејмс Коми.

Фалсификуваните пасоши печатени на таа машина можат на терористите да им помогнат да се прикажат како бегалци од Сирија и така да ја поминат границата.

Коми рече дека ФБИ има „причина да верува“ дека припадниците на Исламска држава веќе се инфилтрирани во САД, напоменувајќи дека Бирото будно ја следи ситуацијата за да открие такви поединци.

– Разузнавачката агенција е загрижена дека Исламска држава има способност и начин да произведува лажни пасоши, рече директорот на ФБИ, сведочејќи пред Одборот за правосудство на американскиот Сенат.