недела, 27 ноември 2016  |  Вести денес: 24

Диви отпаѓа, Дупјачанец и Даскалоски во составот на Обрван

Македонскиот селектор Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство кое на стартот на 2016 година ќе се игра во Полска.

rakomet reprezentacija

Последни вести

Меѓу 28-те повикани ракометари место доби голманот Даниел Дупјачанец, кој игра одлична сезона во дресот на Металург.

Во “жолто-црвениот” табор тој е на местото на Петар Ангелов – Диви, кој нема да биде дел од европскиот ракометен собир. Исто така повратник во репрезентацијата е и Златко Даскалоски, кој е меѓу стативите на тимот на Темишвар и е одличен во романскиот шампионат.

Точниот термин на подготовките дополнително ќе биде објавен. На Европското првенство Македонија е во група со селекциите на Франција, Србија и домаќинот Полска.

makedonija

Најчитани вести