Рекордно ниска стапка на невработеност

Државниот завод за статистика денес објави дека во третиот квартал на годинава, невработеноста во Македонија падна на 25,5 отсто.

Според податоците на ДЗС,  во III тримесечје од 2015 година, активното население во Република Македонија брои 954. 610 лица од кои вработени се 711.380, а 243.230 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 42.4, додека стапката на невработеност  25.5, јавува ДЗС.

Во вториот квартал од годинава, невработеноста изнесуваше 26,8 отсто, што значи намалување од 1,3 отсто.

Според познавачи на економските состојби, причина за зголемување на бројот на вработените лица во земјава се владините мерки, како што е „Македонија вработува“, а кои овозможуваат голем број лица што немале работа, или, пак биле хонорарно ангажирани, да добијат работно место.

Во продолжение и табелите од Државниот завод за статистика покажуваат кој дел од населението е најактивен.

Државен завод за статистика - табели за работоспособно население (Принтскрин/Државен завод за статисика)

Државен завод за статистика - табели за работоспособно население (Принтскрин/Државен завод за статисика)

Државен завод за статистика - табели за работоспособно население (Принтскрин/Државен завод за статисика)

За разлика од историското намалување на невработеноста во време на ВМРО-ДПМНЕ, статистиката во периодот на СДСМ од 2002 до 2006 година е поразителна. Тогаш невработеноста во Македонија изнесуваше 38%.

Минатата година стапката на невработеност во Македонија изнесуваше 28%, за годинава да биде достигнато историско намалување на невработеноста од 25,5%.