Друловиќ си оди, со него и дел од Управниот одбор на Партизан

Екс-селекторот на Македонија во клубот пристигна пред два месеца и имаше договор до крајот на сезоната, но по елиминацијата од Аугсбург и лошите резултати во српската Јелен лига одлучено е да се прекине соработката со него по завршувањето на полусезоната.

Исто така, “црно-белите” ќе добијат и нова управа, затоа што навивачите на клубот, популарните “Гробари” успеаја да издејствуваат целиот Управен одбор да поднесе оставка по елиминацијата од Лига Европа.

Оставките паднаа синоќа. Во наредните 30 дена ќе биде изгласано кога да се постави нова управа. Сите карти оваа сезона ги ставивме на Европа, ова е премногу тежок период за Партизан. Не сакаме вината да ја префрламе кај играчите. Ако победеа, немаше да има оставки, вели Вазура.

На чело на клубот до наредните избори ќе остане Милош Вазура кој беше генерален директор на клубот. Состанокот на кој ќе се изгласа нова управа на Партизан ќе се одреди во наредните 30 дена.

Белградскиот клуб заостанува дури 24 бода во српската лига од лидерот Ц.Звезда по вкупно 20 одиграни кола.