„Прес 24“: Хаос во СДСМ – делегатите не сакаат да присуствуваат на програмскиот Конгрес на Заев во недела

Големо незадоволство меѓу членовите на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ во пресрет на најавениот програмски конгрес на 13. декември во недела, објави порталот „Прес 24“.

Нашиот извор вели дека Конгресот првично требало да се одржи на Скопскиот саем но поради катастрофалната состојба во СДСМ и слабиот интерес меѓу делегатите и членството раководството се решило конгресот да се префрли во хотелот Александар Палас. Но и ова место најверојатно ќе биде сменето поради очајната состојба во која се наоѓа партијата и демотивираноста на членството и конгресот најверојатно ќе се одржи во хотелот Холидеј Ин. Оваа постапка на СДСМ според нашите извори постарото членство ја примило како уште една приватна забава на Зоран Заев и најтесното крило. „Прес 24“ веќе објави дека Заев мака мачи да собере доволно членови за да обезбеди минимум кворум на партиските тела и да ги протне своите одлуки, пишува порталот.

Последните анкети на најрелевантните агенции во светот покажаа дека неговиот рејтинг за само неколку месеци се намалил за дури 30% а СДСМ и натаму има двојно помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ.

Извори на „Прес 24“ од СДСМ велат дека уште полоши резултати покажала анкетата кој за потребите на СДСМ ја изработила една рејтинг агенција која важи за исклучително блиска до партијата. Според неа, СДСМ го очекува повторување на резултатите од минатогодишните избори што според експертите е главна причина поради која СДСМ ќе стори се изборите во април воопшто да не се одржат.