Костурица со Путин на роденденот на „Раша тудеј“

Костурица со Путин на роденденот на „Раша тудеј“
Костурица со Путин на роденденот на „Раша тудеј“

Истакнатиот српски режисер, Емир Костурица седеше на иста маса со рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прослава по повод 10-годишнината од постоењето на телевизијата „Раша тудеј“.

Костируца за српски Курир изјавил дека за време на прославата тој успеал да поразговара со шефот на руската држава, на кој му рекол дека слободно може да постави ракети во неговиот двор.

-Со претседателот Путин вчера разговарав во Москва, за време на прославата за 10-годишнината од постоењето на „Раша тудеј“. Разговаравме на повеќе теми, како и за поставувањето на руска база на Балканот, односно во Србија. Јас му предложив, да ги постави ракетите во мојот двор, објаснил тој.