Шпанската полиција уапси осомничен радикален исламист

Полицијата уапси осомничен исламист во Каталонија, кој бил баран од САД и Интерпол.

Али Шараф Дамаш, со двојно алжирско и ирско државјанство, е баран под сомнение дека регрутирал членови за екстермистичка исламска група.

Тој е уапсен во Барселона, од каде вчера е пренесен во Мадрид. Судот во Мадрид му одреди мерка притвор до разгледување на барањето за екстрадиција во САД.