„Фокус“ ја најави програмата на СДСМ- подметнувања и манипулации наместо програма и проекти

Опозицискиот неделник „Фокус“, кој практично е партиско гласило на СДСМ ја најави нивната главна програма за избори која ќе ја реализираат заедно со специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.

Главна цел на Катица Јанева како што им кажале на „Фокус“ нејзините подредени ќе била да паднел митот за власта како непобедлива, односно да се докажело дека изборните победи не биле заслужени.

-Извори за Фокус коментираат дека обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси, односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашното- дека биле наместени, пишува „Фокус“.

Истите колеги на Јанева на „Фокус“ веќе му се довериле кои предмети ќе биле отворени, иако сами за целокупната јавност потврдија дека одлуката ќе ја донеле откако ќе ги анализирале сите предмети.

-Затоа, соочени со факторот време, специјалните обвинители одлучиле да ги отворат прво крупите дела поврзани со местење на изборите, пишува „Фокус“.

Иако неотворени предметите, Јанева преку своите соработници и „Фокус“ веќе го најавила и врвот на агендата. „Фокус“ порачува дека евентуалното притворање на Груевски и свитата, по отварањето на истрагата на СЈО ќе го намалел нивниот кредибилитет и ќе го покажело нивното вистинското лице.

За експертите ваквите настапи на Катица Јанева се несериозни и повеќе политикантски отколку правни. Тие сметаат дека Јанева нема ни капацитет, ниту пак намера да работи професионално

-Очигледно таа не може да ги сработи, бидејќи нема правен речник кај нејзе.  Пред извесно време госпоѓата Јанева кажа “еден добар дел од мојот тим сега се оспособува“ , тешко на нас ако избраните нејзини заменици или помошници во моментов добиваат базична обука за вака софистицирани работи. Таа да знаеше веќе ке постапуваше, кој ја спречуваше да работи, вели колумнистот Сотир Костов во емисијата „360“ степени на Алсат.

„Фокус“ веќе се посрамоти со неуспешниот обид да ги оспори претходните избори со наводни 30.000 фалсификувани лични карти. Се покажа дека тоа е ноторна лага. Затоа и во последниот натпис се обидува да избега од срамот и најавува дека Јанева ќе го зела и овој предмет што би требало да знаци некакво покривање до избори.

-Специјалното обвинителство назначило двајца обвинители што ќе го водат овој предмет. Токму проверките во гласачкиот материјал на ДИК ќе утврдат дали овие лични карти се користени на избори, но не само тоа, туку и кои се фалсификаторите, а кои нарачателите, пишува опозициското гласило.

Експертите се согласни дека и овој пат ќе се покаже дека пресметките на СДСМ се погрешни, односно дека избори се добиваат со конструктивна програма и проекти, а не со подметнувања, манипулации и лажни афери.