ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се единствени во светот кои се противат на подобри услови за студирање

СДСМ е против се што е ново и што значи просперитет и подобар стандард и квалитет. Тие веројатно се единствените во светот кои се противат на изградба на нови објекти со кои ќе се подобрат условите за студирање по најсовремени стандарди. Впрочем тие се противеа и на намалената партиципација за студирање, преводот на учебници од најреномираните универзитети, беспатниот превоз, а сега гледаме дека и новите објекти им пречат, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ упатено по обвинувањето на СДСМ за сеча на дрвја во дворот на УКИМ.

Соопштението Ви го пренесуваме интегрално

СДСМ е против се што е ново и што значи просперитет и подобар стандард и квалитет.

СДСМ стана синоним за деструкција.

Денес СДСМ и нивните приврзоци се обидоа на најочаен начин да ја девалвираат изградбата на два современи објекти за Факултет за информатички науки и компјутерско инжињерство и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Студентите од овие два факултети користеа простор во три различни факултети, односно користеа дотрајани бараки под сите стандарди. Со овој проект ќе се овозможи студентите на овие факултети да ги надминат своите просторни проблеми и ќе се обезбедат најсовремени услови за студирање. При изградбата на овие објекти користени се најсовремени практики од инфрастуктура до техничка опременост според највисоките светски стандарди во високото образование.

Веројатно СДСМ и нивните приврзоци се единстевните во светот кои се противат на изградба на нови објекти со кој ќе се подобрат условите за студирање по најсовремени стандарди. Впрочем тие се противеа и на намалената партиципација за студирање, преводот на учебници од најреномираните универзитети, беспатниот превоз, а сега гледаме дека и новите објекти им пречат.

Затоа СДСМ веќе не знае за што друго да се фати, па се фати за дрвата. Е кога сме кај дрвата би сакале да им посочиме на СДСМ колку се тие лицемерни. Вчера нивниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски промовираше плочник од само 250 м2 за кој исече неколку, што би рекле СДСМ, децениски дрва. Каде беа СДСМ и нивните партиски приверзоци вчера да се јават за овој невиден скандал со кој директно му се наштетува на здравјето на граѓаните во Скопје и зголемената изложеност на канцерогените честички на жителите на општина Центар?! Дали вчера побараа оставка од Андреј Жерновски по истата логика?

Џабе му се на СДСМ и лицемерни соопштенија и лаги и манипулации. Граѓаните на Скопје, студентите и целиот народ ја прочита нивната безидејност и криењето зад манипулации. 24 април се наближува. Се наближува и крахот на нивната деструктивна политика. Уште само 133 дена…, стои во соопштението на владејачката партија.

a

a1

a3

a4

a5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.