петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Големи мултинационални компании ја ставија Македонија на инвестициската мапа

stranski-640x320

Поврзани вести

Големите мултинационални компании ја ставија Македонија на нивната инвестициска мапа. Француска инвестиција од областа на музиката, американските инвестиции, Кап Кон во Бунарџик и Гентерм во Прилеп, италијанската Монтанте, турската компанија во Кочани изминативе денови стартувааа со реализација на своите инвестиции. Странските инвеститори се од различни сектори и од различни земји, а инвестираат во различни делови од државата, пишува Курир.

Француска инвестиција во областа на музиката во Гази Баба

Изградба на културен центар и музичко студио за продукција на филмска музика во општина Гази Баба е последната од најавените инвестиции во Македонија. Договорот се потпиша во петокот, а планирано е да се изградат два објекта – културен дом со површина од 543 метри квадратни и музичко студио со површина од 1.194 метри квадратни на локацијата каде се наоѓа културниот дом во населбата Автокоманда.

“Компанијата повеќе години наназад е присутна во Македонија и со снимање филмска и друга оркестарска музика веќе е етаблирана во светската филмска индустрија. Многу музички траки компонирани и создадени во Македонија во изминатиот период станаа подлога и составен дел на бројни холивудски филмови и реклами во светски рамки. Присуството на Фамес во земјава во изминатите години донесе одлична соработка со Македонската филхармонија, со Македонската опера и балет и со многу уметници, музичари и монатажери од нашата земја. Со инвестирањето во новото музичко студио за снимање филмска музика, какво што ретко се наоѓа во регионот на Балканот, соработката дополнително ќе се продлабочи, ќе се интензивира и ќе овозможи подолгорочен ангажман на повеќе од 100 македонски уметници. На тој начин овој проект ќе биде од особено значење за македонските музичари и развој на македонската музичка продукција. Проектот воедно е во целосна корелација и со напорите на Владата за развој на филмската дејност во Македонија и интензивирање на филмските проекти од секаков аспект. Токму благодарение на таквата интенција во изминатиот период евидентно е зголемен обемот на филмска продукција во Македонија, како од домашни, така и од странски филмски компании“ изјави премиерот Никола Груевски.

“Во изминатиот период како резултат на владините политики за привлекување на странски инвестиции привлековме голем број на производствени компании особено од автомобилската индустрија. Сега промовираме инвестициски проект на француска компанија која е активна во доменот на снимање на оркестарска музика за светската филмска продукција и други видови продукции, рече Бил Павлески, министер за привлекување странски инвестиции.

Американската Кап- Кон започна со производство во Бунарџик

Во Технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик почна со работа фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“, инвестиција од 18 милиони долари на американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-Кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува вкупно 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар.

“Листата на големи и мултинационални компании од светот кои имаат свои фабрики во Македонија од денеска се зголемува и со американскиот инвеститор Кап-Кон. Радува фактот што плановите на инвеститорот не запираат тука и во иднина се планира инвестирање во технички центар на компанијата кој ќе биде дополнителна инженерска поддршка на целиот капацитет, нагласи Груевски.

“Инсталацијата на високософистицирани производни линии во комбинација со талентираниот локален персонал ќе ни овозможи да произведуваме само најквалитетни производи кои ќе бидат испорачувани до нашите потрошувачи. Нашиот план е да го зголемиме производството во претстојните недели до 2,5 милиони единици годишно. Исто така, АРЦ планира да го удвои овој капацитет во текот на следните шест месеци, а потоа планираме да произведуваме и пет до шест милиони каписли за воздушни перничиња, рече Ал Хаџ. главен извршен директор на Кап Кон

Италијанската Монтанте инвестира 10 милиони евра

Изградбата на оваа фабрика ќе почне во јануари идната година во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик. Првична инвестиција е во вредност од 10 милиони евра. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени. Фабриката ќе се гради во неколку фази на локацијата со површина од 49 илјади метри квадратни, а во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија.

“Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој. Бевме на чекор во правење на инвестиција во една друга држава, но благодарение на Дирекцијата на ТИРЗ и атрактивноста што ни ја понудија тука, се решивме да дојдеме во Македонија. Изградбата на фабриката во Македонија не претставува едноставна инвестиција за државата, туку позитивен импакт на ноу-хау. Се работи за производство со висока технологија и затоа ќе обрнеме големо внимание на обуката на луѓето кои ќе бидат вработени,рече претседателот на Монтанте груп, Антонио Монтанте по потпишувањето на договорот.

Монтанте груп е една од првите три компании во Европа за производство на високо софистицирани амортизери за возови, шински возила, камиони и автобуси, а нивната компанија во Македонија ќе функционира под името „Јуроп шок апсорберс“ и веќе е регистрирана. Мултинационалната италијанска компанија има 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.

Американската Гентерм е во напредна фаза во Прилеп

Се очекува компанијата да стартува со работа во март, а ќе произведува најсовремени компоненти за потребите на глобалните компании. Производите ќе бидат наменети за европскиот пазар, а пред се за големите автомобилски гиганти како „ферари“, „порше“, „бентли“, „рено“, „БМВ“ и други со што, подвлече, Македонија уште повеќе ќе го зголеми својот извоз, како и асортиманот на производи со ознака „Made in Macedonia“.

Во Кочани се отвори најголемата фабрика на Балканот за преработка на ориз.

Во Кочани започна со работа „Левидиагро“, нова фабрика за преработка на ориз, турска браунфилд инвестиција од 4 милиони евра која ќе придонесе за враќање на кочанскиот ориз на старите европски пазари како висококвалитетен македонски бренд. Фабриката е технолошки најсовремено опремена и претставува најголем капацитет за преработка на ориз во регионот.

Во Прилеп влегува и германската компанија Акомпласт

Покрај американската глобална компанија „Гентерм“ во ТИРЗ во Прилеп влегува уште еден странски инвеститор, а тоа е германската компанија Акомпласт за што договорот е во финална владина процедура, потврди премиерот Никола Груевски по обиколката на новата фабрика на Гентерм во оваа индустриска зона.

“Оваа компанија исто така произведува автомобилски делови и таа ќе регистрира фирма во Македонија. Договорот за инвестицијата е во финална владина процедура и многу скоро и оваа компанија ќе почне да ја гради својата фабрика во оваа зона, изјави премиерот Груевски.

Совет на странски инвеститори: Кој ќе инвестира во Македонија нема да згреши

Оценувајќи ја моменталната економска состојба, од Советот на странски инвестиции изјавија дека македонската економија е на прав пат и се движи со солиден чекор напред иако во однос на претходните шест месеци бележи мало опаѓање поради политичката и бегалската криза

Македонската економија расте, особено приватниот сектор. Наивно е да се верува дека политичката ситуација нема влијание, но оној што решил да прави бизнис тука, нема да се откаже зашто освен политичките, ги земал предвид и сите останати фактори, изјави претседателот на Советот Штефан Петер.

Најчитани вести