Забрана за патувања во Русија за припадниците на турските Вооружени сили

Генералштабот на турската армија денеска на припадниците на турските Вооружени сили им издаде забрана за патувања во Русија, пренесува МИА.

По соборувањето на рускиот бомбардер Су-24, пред три недели, Генералштабот на турската армија донесе серија мерки.

Односите меѓу Москва и Анкара се влошија, откако на 24 ноември турските военовоздухопловни сили го соборија рускиот авион во реонот на турско-сириската граница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.