Ограбена обложувалница во Скопје

Засега непознато маскирано лице синоќа околу 21 часот извршил грабеж во спортската обложувалница “Вил Хил“ на улицата „Ратко Митровиќ“ во Скопје.

Разбојникот со закана со пиштол од вработениот во обложувалницата одзел над 49.000 денари, по што избегал во непознат правец.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.