Јанева е дел од програмата на опозицијата за ублажување на поразот- молкот од СДСМ и СЈО ги потврдува тезите на „Фокус“

Два дена и СДСМ и специјалното јавно обвинителство со молк ги потврдуваат тезите на „Фокус“. Написот на неделникот кој важи за многу близок до опозицијата експертите го коментираат како обид да се изврши притисок врз работата  на специјалното обвинителство.

По пишувањето на неделникот “Фокус“ дека главната изборна програма на партијата ќе биде реализирана заедно со обвинителката Катица Јанева, од Специјалното обвинителство ниту се огласија ниту демантираа. „Фокус“ пишува дека главна цел на специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде предизборно да се намали кредибилитетот на власта како непобедлива односно да се направат обиди да се покаже дека изборните победи во изминатите години не биле регуларни, пишува Курир.

„Обвинителите ќе настојуваат да падне митот за власта, која е непобедлива во неколку изборни циклуси односно да се докаже дека изборните победи не се заслужени или пострашно дека биле наместени“, пишува Фокус.

Неделникот повикувајќи се на свои извори објавува кои предмети ќе бидат отворени, иако јавно обвинитилството објави  за тоа одлука ќе донеле откако ќе ги анализираат сите предмети. Според текстот, врвот на агендата на Јанева би било евентуално притворање на Груевски и неговите најблиски соработници по отворање на истрага на обвинителството со што ќе се намали „кредибилитетот и ќе се покаже нивното вистинско лице“.

„Евентуално притворање на Никола Груевски и свитата, по отворањето истрага во специјалното обвинтиелство од една страна ќе го намали нивниот кредибилитет и ќе го покаже нивното вистинско лице“ пишува Фокус.

Универзитетскиот професор Александар Даштевски ова го толкува како обид  во пресрет на изборите закажани за април да се изврши притисок врз специјалното обвинителство за да покрене обвиненија и да побара притвор против високи функционери на власта . Истовремено неделникот го открива единствениот начин како опозицијата да го подобри својот рејтинг и да извлече подобри резултати на избори во недостиг на добро подготвена кампања и висока доверба од граѓаните.

– Тоа што се сугерира е обид да се направи притисок врз специјалната јавна обвинителка од страна на весникот но и од страна на опозицијата бидејќи јасно е дека го контролира весникот….Тоа е смислена пропаганда од опозицијата каде што повторно одат со негативна кампањата не ги слушаат советите на целокупната јавност во Македонија па дури и на дел од своите експерти дека треба да водат позитивна кампања ако сакаат да добијат позитивни резултати и повторно се случува истото програмата нивна се уште не е дооформена и сметам дека немаат програма затоа што видовме дека нивната програма е препишана од скандинавските земји, а се што е препишано не може да се спроведе на дело – вели  Александар Даштевски.

Според експертската јавност, ваквите постапки на Јанева покажуваат дека таа нема капацитет и намера да работи професионално. Нејзините потези, аналитичарите ги оценуваат како несериозни и повеќе политикантски од правни.

Неделникот “Фокус“ го наруши својот кредибилитет со наводната афера за 30.000 фалсификувани лични карти, за која се покажа дека е обична конструкција затоа што тие лични карти не се користеле никогаш и нигде. Сега, обидувајќи се да ја избегне одговорноста, весникот најавува дека Катица Јанева ќе го преземе и овој предмет.

Експертите се согласни дека и овој пат СДСМ ќе згреши, затоа што избори се добиваат со конструктивна програма. а не се со вакви потези кои за цел имаат со подметнувања да го нарушат кредибилитетот на политичкиот противник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.