среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Нападнати канцелариите на Фејсбук во Германија

Facebook Settlement

Последни вести

Група од дваесетина луѓе вчеравечер го нападнала германското седиште на Фејсбук.

Маскираните напаѓачи користеле камења, боја и чадни бомби при што се оштетени ѕидовите, влезната врата и прозорците.

Полицијата и германските служби за безбедност се уште немаат осомничени за нападот кои што од местото на настанот заминеле пеш, а се уште нема ни мотиви за нападот на „Фејсбук“.

Активистите за заштита на приватноста на интернет подолго време го критикуваат „Фејсбук“ за непочитување на личната приватноста на членовите на оваа социјална мрежа која честопати е напаѓана и како место каде што можат да се пласираат расистички и други видови  пораки кои што германската јавност го смета за неприфатливи. Минисерот за правда Хајко Маас предходно од социјалната мрежа побара да не прерасне во „фанфари на радикалната десница“ на што менаџментот одговори дека ќе го зајакне мониторингот на пораки кои што содржат расизам, омраза и ксенофобија, но дека ќе продолжи да обезбедува простор за изложување на контрааргументи.

„Фејсбук“ во Германија се соочува и со критики поради преголема слобода при објавување на сексуални содржини.

Најчитани вести