Меркел одбива поголемо воено ангажирање против ИД

Канцеларката Ангела Меркел не го прифаќа барањето на САД, Германија двојно повеќе воено да се ангажира во борбата против терористичката Исламска држава.

„Германија го исполни својот дел од обврската и не мораме да разговараме за нови прашања поврзани со тоа“, рекла Меркел за телевизијата ZDF, коментирајќи го пишувањето на Шпигл дека САД упатиле брање до Берлин за посилно ангажрање против ИД.

Германските пратеници минатиот петок одобрија праќање на 1.200 војници и шест авиони „торнадо“ во Сирија, како поддршка на Франција по терористичките напади во Париз, на 13 ноември.

Меркел во меѓувреме изјавил дека германскиот контигент на терен нема да соработува со силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

„Меѓународната алијанса против ИД не го вклучува Асад и неговата војска“, истакнала Меркел, пишуваат германските медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.