сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Чомски: ИД не може да биде поразена со воена сила

Значи пред да прибегне кон бомбадирање на ИД на Блискиот Исток, Западот треба прво да се праша поради што дошло до сето ова, вели Чомски.

Чомски: ИД не може да биде пораена со воена сила, Западот треба да се занимава со причините за нејзиното создавање

Чомски: ИД не може да биде пораена со воена сила, Западот треба да се занимава со причините за нејзиното создавање

Последни вести

Исламска држава не може да биде поразена со воена сила, а со интензивирањето на воздушните напади на терористичката организација Западот ја зголемува веројатноста за големи терористички напади како тие во Париз од 13 ноември, изјави познатиот американски научник Ноам Чомски.

Доколку Западот сака да ја намали можност од натамошни терористички напади, треба да се занимава со причините за терористичките напади во Париз, истакна Чомски.

Тој нагласи дека причините за тие напади се инвазијата на Ирак и Авганистан, како и вахабизацијата на сунитскиот ислам, што резултираше со интензивирање на глобалниот радикален исламизам.

 Значи пред да прибегне кон бомбадирање на ИД на Блискиот Исток, Западот треба прво да се праша поради што дошло до сето ова, вели Чомски.

Доколку сакате сето тоа да заврши, првото прашање кое треба да си го поставите е: Зошто сето ова се случило? Кои беа неспоредните причини и кои се подлабоките корени?, изјави Чомски.

Најчитани вести