Газираните пијалоци го забрзуваат стареењето на организмот

Газираните пијалоци го забрзуваат стареењето на организмот
Газираните пијалоци го забрзуваат стареењето на организмот

Многумина, а особено младите, секојдневно пијат газирани напивки, а не размислуваат колку тоа е штетно по нивното здравје. Нучниците од Универзитетот во Калифорнија неодамна соопштија дека лицата кои дневно пијат по две козерви газиран напиток, стареат побрзо од оние кои не консумираат вакви пијалоци.

Причина за забрзаното стареење се промените на ДНК предизвикани од супстанции од газираните пијалоци, а во просек ваквите лица изгледаат дури 4,6 години постари отколку што се.

Научниците утврдиле дека кај жените кои пијат три или повеќе конзерви газирани пијалоци неделно, постои голема веројатност од заболување на рак на дојка, поради зголемување на густината на градите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.