Нов поморски инцидент помеѓу Турција и Русија

Нов поморски инцидент помеѓу Турција и Русија
Нов поморски инцидент помеѓу Турција и Русија

Рускиот ракетен крстосувач и чамец на руската крајбрежна стража денеска принудил комерцијален брод со турско знаме да го промени курсот, откако се нашол на патот на бродовите на кримската енергетска компанија „Черњоморњефтегаз“.

Оваа компанија соопштила дека инциденстот се случил додека конвој од нивни бродови транспортирал две нафтени платформи на нова локациј во руските територијални води, пренесува Ројтерс.

Нафтените платформи на крајот безбедно се доставени на предвидената локација.

Ова е втор поморски инцидент помеѓу Русија и Турција за само два дена. Вчера, екипажот на рускиот разорувач „Сметливи“, била принудена да користи огнено оружје за да спречи судар со рибарски брод во Егејското море.