Бесплатна бања за 42, а туристички викенд за 22 пензионери од дебарско

Од општините Дебар и Центар Жупа право на бесплатна бањско климатска рекреација и бесплатен туристички викенд оствариле 64 пензонери.

Од почетокот на реализација на овој владин проект, од двете општини, каде има над две илјади пензионери, оваа поволност, што се дава со владиниот прокет, а преку Министерството за труд и социјална политика, ја исползувале над 280 пенизонери.

Тие се повеќе од задоволни за грижата што Владата ја посветува на оваа категорија на граѓани. Од управата на Дебарски Бањи-Цапа се здоволни од проектот на Владата, бидејќи средствата остварени по овој основ се добредојдени и се насочуваат кон осовременување на капацитетите во двата бањски локлаитети, Косоврасти и во Бањиште.

Во двата локалитета престојуваат пензонрите од југозапдниот регион на државава.