Иван Јовановски е нов член во стручниот штаб на селекторот Ангеловски

Јовановски ќе биде дел од стручниот штаб на А-репрезентацијата како кондициски тренер.

Тој во минатото беше дел од тимовите на ЦСКА Софија и Лудогорец, а во моментов е дел од азербејџански Интер Баку.

Пред да замине во странство, Јовановски работеше и во македонскиот клуб Металург.

Младиот тренер направи вистински “бум” со екипата на Лудогорец, кога во 2012 година како дел од стручниот штаб со релативно млад тим ја освои двојната круна во Бугарија, прв пат во својата 67-годишна историја.