Уапсен пратеникот на „Самоопределување“ Исамил Куртеши

Уапсен пратеникот на „Самоопределување“ Исамил Куртеши
Уапсен пратеникот на „Самоопределување“ Исамил Куртеши

Косовската полиција утрово го уаспи пратеникот на националистичкото движење „Самоопределување“, Исмаил Куртеши.

Нему претходно му беше изречена мерка „домашен притвор“, поради фрлањето солзавец во собраниската сала, но тој ја прекршил санкцијата со тоа што учествувал на последниот протест што неговата партија го организареше во Гњилане, објави МИА.

Онлајн изданието на весникот „Експрес“ јави дека Куртеши бил уапсен околу 9 часот и бил однесен во Судот.

Пред денешната седница на Парламентот вршен детелен претрес на пратениците пред влегувањето во зградата, посебно на оние од опозицијата кои во неколкунаврати фрлаа солзавец во собраниската сала.

Косовските медиуми јавија дека косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи имаат средба со претседателката Атифете Јахјага, посветена на новонастанатата ситуација.

Пратеникот од „Самоопределување“, Глаук Коњуфца изјави дека притисокот на опозицијата врз Владата ќе продолжи се додека властите не се откажат од формирањето на Заедницата на српските општини и Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

Во исот време, неколку десетици активисти на опозициските партии се собраа во близина на Парламентот, на плоштадот „Адем Јашари“, извикувајќи дека „Договорите нема да поминат“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.