Балкан

Бројот на жртви во ноќниот клуб во Букурешт порасна на 61

Бројот на жртви во ноќниот клуб во Букурешт порасна на 61
Бројот на жртви во ноќниот клуб во Букурешт порасна на 61

Бројот на жртви во пожарот во ноќниот клуб во Букурешт порасна на 61, откако во болница во Германија починала 36-годишната Јоана Ралука Панкулеску, соопштиле денеска романските власти.

Во ноќниот клуб „Колектив“ во романската престолнина, на 30 октомври изби пожар во текот на хеви-метал концерт, предизвикан од пиротехнички уреди. Набргу дошло до стампедо, бидејќи луѓето во паника брзале да го напуштат клубот, кој имал само еден излез.

Романското министертсво наведува дека уште 22 повредени се наоѓаат на лекување во Букурешт, како и дека уште толкав број се лекува во болниците во Британија, Холандија, Австрија, Белгија, Израел и Германија.

Првичниот биланс на загинати беше 26, но од тогаш бројката значително порасна.

Трагедијата поттикна масовни протести против владата и критики поради непочитување на безбедносните стандарди. Романскиот премиер, Виктор Понта поднесе оставка на 4 ноември.