Свет

Германија ќе го намали приливот на бегалци

Германија ќе го намали приливот на бегалци

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска на конгресот на својата партија, порача дека Германија ќе го намали приливот на бегалци и додала дека Европа ќе го положи „историскиот тест“ кој е пред неа.

Меркел истакнала дека нејзината одлука на почетокот на септември, Германија да прими бегалци кои во најголем број биле заглавени во Унгарија, била „хуманитарен императив“, пренесува аггенцијата АП.

„Нешто што до тогаш беше далеку од нас и можевме да видиме само на телевизија, сега буквално ни се појави на куќниот праг“, истакнала таа.

„Борбата во Сирија, бомбардирњето на народот од страна на режимот на претседателот Башар ал-Асад, ширењето на Исламската држава во Сирија и во Ирак, фактот дека Либија нема функционална влада, ситуацијата во Авганистан – Сето тоа веќе не е далеку од нас, туку ни се приближи“, навела Меркел.

Иако повтроно истакнала дека се држи до принципот на помош за бегаллците, таа укажала и на целта нивниот бро да се намал.

„Ние сакаме да го намалиме, и ќе го намалиме бројот на бегалци, бидејќи тоа е во сечиј интерес“, посочила Меркел.