ЛШ: Ждрепката ни даде неколку супер интересни дуели во 1/8 финалето

Челзи ќе ги одмери силите со ПСЖ, во обид Мурињо и неговите избраници да се одмаздат за ланската несреќна елиминација од овој противник.

Среќата повторно не му беше наклонета на Арсенал, па “пулените” на Венгер ќе се сретнат со европскиот првак Барселона, додека Баерн Минхен ќе ги одмери силите со европскиот вицешампион Јувентус.

Реал Мадрид го очекува двомеч со Рома, додека ждребот му беше најнаклонет на тимот на Волфсбург, кој за противник го доби Гент.

Големото финале на Лигата на шампионите ќе се игра на 28 мај на стадионот “Сан Сиро” во Милано.

Двојки за осминафинале:

Гент – Волфсбург

Рома – Реал Мадрид

ПСЖ – Челзи

Арсенал – Барселона

Јувентус – Баерн Минхен

ПСВ Ајндховен – Атлетико Мадрид

Бенфика – Зенит

Динамо Киев – Манчестер сити

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.