ЛЕ: Вилјареал – Наполи и Борусија Д. – Порто се дуелите кои привлекуваат најмногу внимание во ЛЕ

Тимот на Луј ван Гал сигурно ќе предизвика големо внимание на ова гостување, а секако е и голем фаворит за пласман во следната рунда.

Ливерпул ќе ги одмери силите со германскиот Аугсбург, додека Борусија Дортмунд за ривал го доби Порто, кој исто така беше елиминиран од Лигата на шампионите.

Турскиот клуб Галатасарај ќе се сретне со калчолигашот Лацио, а интересен ќе биде и дуелот меѓу Шахтјор Доњецк и Шалке 04.

Четирикратниот победник во ова натпреварување, шпанскиот претставник Севилја, за ривал го доби Молде. Вилјареал ќе ги одмери силите против Наполи.

1/16 – финале од Лигата на Европа, двојки:

Валенсија – Рапид Виена

Фиорентина – Тотенхем

Борусија Дортмунд – Порто

Фенербахче – Локомотив Москва

Андерлехт – Олимпијакос

Митјиланд – Манчестер Јунајтед

Аугсбург – Ливерпул

Спарта Прага – Краснодар

Галатасарај – Лацио

Сион – Брага

Шахтјор Доњецк – Шалке

Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао

Севилја – Молде

Спортинг – Баер Леверкузен

Вилјареал – Наполи

Сент Етјен – Базел

* Првите мечеви ќе се играат на 18 февруари, а реваншите на 25 февруари 2016 година