Вардар е 9-ти во првиот дел од сезоната во ЛШ

По шест кола Вардар беше втор тим во Лигата на шампионите според седумте ракометни новинари кои ги анкетира ЕХФ, меѓутоа по 10 комплетирани рунди работите се смениле – македонскиот првак е деветти. Оттогаш наваму Вардар загуби трипати и победи еднаш, а тоа го симна дури седум позиции на ова рангирање според формата.

Македонскиот тим ги победи првите четири натпревари по ред и освен поразот од Копенхаген игрше како вистински кандидат за место на фајналфор-турнирот. Раул Гонзалес изградил одлична екипа, а летното засилување Хорхе Македа бргу се вклопи во СКопје. Вардар се смета за еден од најтврдите ореви во ЛШ, пишува во прилогот на ЕХФ.

Во споредба со последното рангирање прв во поредокот е ПСЖ, а тогашниот лидер Веспрем сега е трет. Меѓу нив се наоѓа Кјелце, благодарение на победите против Вардар и на гости кај Барселона.

1. ПСЖ

2. Кјелце

3. Веспрем

4. Фленсбург

5. Барселона

6. Кил

7. Пик Сегед

8. Рајн-Некар

9. Вардар

10. Загреб