Аселборн: „Фронтекс“ може да се постави и на границите на Македонија и Србија

Аселборн: „Фронтекс“ може да се постави и на границите на Македонија и Србија
Аселборн: „Фронтекс“ може да се постави и на границите на Македонија и Србија

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, изјавил дека пограничната агенција на Европската унија „Фронтекс“ би можела да биде распоредена дури и на границите на држави кои не се членки на Унијата, како Србија и Македонија.

Покрај тоа, Аселборн во изјава на германското радио, „Дојчлландфунк“ рекол дека членките на Еу кои се наоѓаат на надворешните граници на Унијата би требало да пружат поголема помош на пограничните земји, пренесе Ројтерс.

Европската комисија сака да биде усвоен пропис кој би им овозможил на припадниците на новата Европска агенција за граница да бидат пратени на граници на некои членки и без согласност на таа членка, ако е тоа неопходно.

„Имаме голем проблеми во Србија и во Македонија, на пример, а сега не е можно „Фронтекс“ да помогне во тие земји, но тоа ќе се промени, истакна шефот на дипломатијата на Луксембург, чија земја во моментот ја претставува Унијата.

Тој посочил дека „шенгенската зона“ ќе опстои само ако бидат заштитени надворешните граници на ЕУ.

„Нема Кинезите или Русите да ни праќаат луѓе да ги контролираат нашите граници, тоа мора да бидат Европејци, а земјите кои не се наоѓаат на надворешните граници мораат да бидат многу вклучени, исткнал Аселборн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.