Еве како изгледа куќа од 180 евра (ВИДЕО)

Еве како изгледа куќа од 180 евра
Еве како изгледа куќа од 180 евра

Изградбата на куќа во селото Дедингтон во Англија, Мајкл Бак го чинело само 180 евра!

Имено, во изградбата тој користел само природни материјали, а и животот во неа е соосема природен- во куќата нема струја и вода, па и месечните сметки се многу ниски.

За изградба на куќата на Мајкл му требале осум месеци, а за изградба на ѕидовите и подот користел кал, трски и слама. Куќата е нешто поголема од 30 квадрати,  а за прозорци се искористени ветробрански стакла од стари камиони.

Многумина мислат дека во куќата е ладно, но мешавината од материјални кои се користени се одлична изолација, што Бак дополнително ја засилил со овча волна на покривот.

Куќата внатре се грее на печка на дрва, осветлена е со свеќи и фенери, додека тоалетот е одвоен од објектот.

„Сакав да докажам дека куќите не мора да бидат скапи. Живееме во општество во кое цел живот отплаќаме хипотеки, рекол Бак.

Тој ја издал куќата на потстанар, кој кирија му плаќа со „свежо“ млеко.

Како течела изградбата на куќатаа погледнете во видеото: