сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 11

Босилек, природен антисептик

bosilk

Последни вести

Сите знаеме дека босилекот е лековита билка и дека често се користи во кујната како зачин.

Меѓутоа, малкумина знаат дека босилекот е добар природен антисептик и дека има многу широка примена.

Постојат повеќе видови босилек, но за сите заедничко е тоа што се користи како лековита била и зачинска билка.

За време на зимските месеци босилекот е совршен борец против настинката и грипот. Многумина тврдат дека е најјак природен антисептик.

Во два литри превриена вода ставете две раце лист од босилек и инхалирајте се. Ќе бидете изненадени со постигнатите резултати.

За сосема малите деца не се препорачува инхалација со босилек поради исклучително јакото дејство.

Сувиот воздух во собата ќе биде прочистен, ако на радијаторот ставите сад со ладна вода во која претходно сте натопиле босилек. Така, потопен, може една недела да го освежува воздухот, а прито  да испушта пријатен мирис кој благотворно делува на дишните патишта.

Во ваков облик босилекот се препорачува во сите соби за спиење бидејќи го опушта нервниот систем, а симптомите на главоболка и нервната напнатост едноставно ќе исчезнат.

Сезоната на грип и настинка никако не може да се замисли без босилек. Чајот од босилек, кој го користеле нашите баби и денес дава значајни резултати. Во 2 децилитри зовриена вода ставете кафена лажичка сушен босилек и оставете да отстои не повеќе од 5-7 минути. Пожелно е првиот пат да се испие без шеќер.

Ако не сте знаеле, босилекот можете да го замрзнете, бидејќи со тоа нема да се намали неговата вредност. Голем број домаќинстваго користат сушениот босилек како идеален додаток во исхраната без конзерванси.

 

Најчитани вести