Ручек за половина час: Вкусно пилешко со пченка

Ручек за половина час: Вкусно пилешко со пченка
Ручек за половина час: Вкусно пилешко со пченка

Зимските денови се идеални за дружење со семејството, па затоа, што помалку време треба да поминувате во кујна. Еве еден рецепт кој е лесен и брзо се подготвува, а уживањето е загарантирано.

Потребно за пилешко со пченка:

  • 500 г. пилешко бело месо
  • 400 г. пченка
  • 6 домати
  • 5 мл. масло
  • лажичка сув зачин
  • сол
  • бибер

Подготовка на пилешко со пченка:

  1. Исечете бело место на парчиња, посолете и ставете го во загреано масло, кратко да се пропржи. Готовото месо извадете го од маслото.
  2. Во маслото во кое се пржеше месото ставете ги доматите, излупени и ситно исечени. Додека доматот врие, додајте ја пченката, ставете зачини и оставете пченката да се провари.
  3. Во готовиот сос, вратете го месото да проврие уште малку додека не ги упие соковите.
  4. Послужете топло.