сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 0

Антракс во скопско Раовиќ, АХВ нареди вакцинација на сите животни во селото

Од страна на официјален ветеринар и овластеното ветеринарно друштво извршен е преглед и кај останатите животни во одгледувалиштето и кај другиот добиток кој се одгледува во ова село, при што е констатирано дека нема други заболени грла.

Антракс во скопско Раовиќ, АХВ нареди вакцинација за сите животни во селото

Антракс во скопско Раовиќ, АХВ нареди вакцинација за сите животни во селото

Поврзани вести

Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство, во почетокот на минатиот месец, изрече мерка за превентивна вакцинација против болеста антракс, на сите приемчиви видови животни (говеда, овци, кози и коњи ) во селото Раовиќ во општина Сарај. Таму, во едно одгледувалиште, само кај едно угинато животно (говедо), со лабораториски анализи на земените мостри потврдено е присуството на оваа болест, соопштуваат од АХВ.

Од страна на официјален ветеринар и овластеното ветеринарно друштво извршен е преглед и кај останатите животни во одгледувалиштето и кај другиот добиток кој се одгледува во ова село, при што е констатирано дека нема други заболени грла.

Угинатото животно под надзор на официјален ветеринар е спалено и нештетно отстрането, а во фармата е извршено темелно чистење и дезинфекција. Донесена е и  забрана за влез и излез на говеда од и во одгледувалиштето и нивна изолација, а спроведено е и епидемиолошко испитување за утврдување на можниот извор на заразата.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство населеното место Раовиќ во општина Сарај е прогласено за нов дистрикт на болеста антракс во Република Македонија. Таму, како и во останатите 20 дистрикти во Република Македонија ќе продолжи преземањето на мерките за сузбивање и искоренување на оваа болест со задолжителна вакцинација на животните во наредните 20 години.

Последниот случај на појава на оваа болест во Република Македонија  евидентиран е во 2009 година во Велешко. И во овој регион на сила е мерката за вакцинација на добитокот против антракс.

Антраксот е заразна болест – зооноза од која можат да заболат сите домашни животни и која може да се пренесе и на луѓето. Вообичаено не се шири од животно на животно, ниту од човек на човек. Бидејќи причинителот на оваа болест е бактерија која е екстремно резистетна на надворешните услови, истата може да опстане во почвата и по неколку години.

Најчитани вести