Раст на прометот во индустријата

Државниот завод за статистика објави дека прометот во индустријата бележи пораст од 8,1 отсто во октомври годинава во однос на лани.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври, бележи опаѓање од 3,4 отсто, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 11,3 отсто.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст од 4,4 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8,3 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2015 година, во однос на октомври 2014 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,8 отсто, Капитални производи за 10,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 11,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,7 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 89,6 отсто.

Прометот во индустријата во октомври 2015 година, во однос на септември 2015 година, бележи  раст 2,2 отсто, додека во периодот јануари-октомври 2015 година, во однос на периодот јануари-октомври 2014 година, раст од 9 проценти.