Од 1 јануари електронски картички во ЈСП

Електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП- Скопје ќе почне од 1 јануари 2016 година, соопштија од Град Скопје.

Заради зголемениот интерес на приватните превозници за вклучување во овој ситем, електронските картички во приватните автобуси ќе може да се користат од 1 мај 2016 година.

Досега целосно е инсталирана  опремата  во 377 автобуси на ЈСП СКОПЈЕ која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите, а  поставени се и инсталациите за  втор валидатор.

Најавуваниот старт на интегрираниот тарифен систем ќе биде одложен од причина што предвидената бројка од 500 автобуси кои ќе сообраќаат во градскиот превоз се зголеми за дополнителни околу 130 возила по завршувањето на огласот на кој аплицираа приватните превозници. Сакаме да напоменеме дека опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и истата се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во градот Скопје, а времето за изработка и достава на истата во зависност од опремата е од 2 до 4 месеци.

Воедно, би сакале да напоменеме дека имаше задоцнување на дел од приградските општини за потпишување на Договорот за вршење јавен превоз со Градот Скопје, известуваат од градската власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.