Меси ослободен од обвиненијата за перење пари преку неговата фондација

Судот утврдил дека не постојат никакви неправилности во врска со хуманитарните натпревари што ги организираше фондацијата “Лионел Меси”.

Пред се, под истрага се најдоа натпревари во периодот од јуни 2012 до јули 2013 година при што Обвинителството се сомневаше дека Меси преку фондацијата перел пари.

Заклучено е дека ништо од тоа не е точно, Аргентинецот е ослободен од обвиненијата, а истрагата против него е запрена.

Инаку, Меси претходните години имаше проблем со затајување данок на доход, но плати голема казна за тоа и се спаси од затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.