СДСМ зборува за железничка инфраструктура, а ниту метар пруга не постави

СДСМ кога говори за железница е класично лицеемрие. СДСМ без срам и перде говори за железничка инфраструктура, а еден метар пруга не поставија, половина вагон не набавија и еден клинец не заковаа на железничките станици, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Целата македонска јавност е сведок и добро памети само за еден проект, едно ветување, една голема лага, од 1994 година, пругата кон Бугарија. Оваа лага на СДСМ ќе се памети во наредните 100 години и по тоа останувате запаметени.

Реалноста говори за проекти и дела на ВМРО-ДПМНЕ. Денес се реализа  сето она што СДСМ незнаеше или не сакаше да го направи во областа на железничката инфраструктура.

  • Интензивно се работи на реконструкција и изградба на пругата на делница Куманово-Бељаковци,
  • Се изврши ремонт на пруги на делница Табановце Куманово (12 км) и Миравци Смоквица (12 км),
  • Во тек ремонт на делница Ногаевци до Неготино (31 км),
  • Се изврши набавка на 150 вагони од различни типови за товарен превоз,
  • Се набавија 6 нови патнички возови,
  • Следната година се планира да се набават уште 4 нови,
  • Во тек е ремонт со реконструкција на делницата Битола-Кременица како дел од кракот 10д од Коридорот 10,
  • Во крајна, финална фаза е рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје.

Во тек рехабилитација, надградба и реконструкција на поголемите железнички станици на Коридорот 10 и кракот 10Д, Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Капија, Градско, Неготино – Вардар.

СДСМ исто така дрско лаже и манипулира со автопатската инфраструктура. Само во овој период изградени сеавтопатските решенија на обиколницата во Скопје и делницата од Куманово до Табановце во вкупна должина околу 35 километри, а во овој момент се интензивно се работи и делниците Миладиновци-Штип, Смоквица-Демир Капија и Кичево- Охрид кои се со вкупна должина од 156 километри. Толку автопатски делници не биле изградени вкупно во периодот од 60 години наназад.

Фактите покажуваат кој градел а кој ја лажел јавноста. Затоа граѓаните својата поддршка на 9 изборни циклуси во континуитет ја даваат на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи можат да ја препознаат посветеноста и континуираниот ангажман кој што го имаме на сите општествени полиња, а особено во делот на градење и осовременување на патната и железничката инфраструктура, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.