Амадеус: Национализмот е тема за 300 евра

Амадеус: Национализмот е тема за 300 евра
Амадеус: Национализмот е тема за 300 евра

Национализмот е тема за 300 евра приходи месечно. На овие луѓе им сесервира таа приказна. Кога платата ќе надмине 500 евра, тогаш почнува разговор за гардероба и кафулиња. Кога ќе помине илјадарка, тогаш топ тема е здрава храна, летувања, зимувања, а  кога ќе се искачи на повеќе од 3.000 евра, тогаш престанува секое зборување во празно. Тогаш луѓето зборуваат за временска прогноза и за љубов, наведува култниот музичар, Рамбо Амадеус, во интервју за хрватскиот портал „Експрес“.

Со оглед на тоа дека повеќето од луѓето на овие простори имаат просечна плата од 300-500 евра (ако воопшто и примаат плата) затоа национализмот е и доминантна тема, вели Амадеус, кој е дипломиран туризмолог.

„Како поинаку да се оправда тој брутален факт дека стандардот во време на социјализмот бил пет пати поголем отколку во капиталистичкиот амбиент, ако не со тоа дека таа другата нација е виновна. Национализмот е само пуштање магла, една завеса од чад, како кога сипата фрла црно за дa избега или да фати некоја риба. Така и едно младо капиталистичко општество го фрла тоа црнило на национализмот за да може капитализмот непречено да украде уште нешто. Национализмот е параван за капитализмот, вели тој во интервјуто.