УЕФА состави избор на најдобар тим – без Меси и Нејмар

Во изборот на Европската куќа на фудбалот немаше место и за двајцата кандидати за “Златната топка” од редовите на каталонскиот тим, Лионел Меси и Нејмар.

Екипата која ја состави УЕФА во формација 4-3-3, е следната: Кевин Трап (ПСЖ) – Андреа Барзаљи (Јувентус), Тиаго Силва (ПСЖ), Диего Годин (Атлетико Мадрид), Давид Алаба (Баерн Минхен) – Свен Кумс (Гент), Вилијан (Челси), Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – Томас Милер (Баерн М.), Хулк (Зенит), Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)