СДСМ сака да им наштети на пензионерите, полицијата, војската

СДСМ се обидува да им наштети на пензионерите, образовните и здравствените работници, полицијата и војската, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ кое се онесуваше на тужбата на Управен суд.

-На СДСМ им стана практика пред секои избори да бара нешто да им се ускрати на граѓаните за после да може да обвинува дека владата не ги исполнува своите обврски. Ваквата шема на делување  беше актуелна и пред минатите избори кога СДСМ бараше на земјоделците да не им бидат исплаќани субвенциите, а после обвинуваше дека се доцни со исплатата на истите, се наведува во соопштението.

Според нив, СДСМ ги воведе државните записи во 2004 година, а сега е против нивното издавање. Оваа приказна на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ,одамна е прочитана.

-Затоа за 130 дена народот по десетти пат ќе го казни СДСМ. На 24 април доаѓа крајот на ваквата деструктивна манипулаторска политика, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.