Македонија

Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск

Претседателот Иванов во Брисел на средба со Туск

Претседателот Ѓорге Иванов денеска на покана на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, ќе престојува во работна посета на Брисел.

Претседателот Иванов заедно со претседателот на Република Србија Томислав Николиќ, ќе имаат средба со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, на која ќе се разговара за актуелните состојби поврзани со мигрантската и бегалската криза, како и за интеграцијата на Република Македонија и регионот во Европската унија, соопшти кабинетот на македонскиот претседател.

Во делегацијата предводена од претседателот Иванов е и министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски.