ССНМ: Политичарите да им овозможат на новинарите елементарни услови за работа

ССНМ: Политичарите да им овозможат на новинарите елементарни услови за работа

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска реагира поради третманот на новинарите кои вчера за време на одржувањето на лидерската средба беа оставени со часови да чекаат пред Клубот на пратениците.

– ССНМ бара од сите политичари и институции во иднина на новинарските екипи да им се овозможат елементарни услови за работа и потсетуваме дека силно ќе го креваме нашиот глас пред домашната и меѓународната јавност за условите со кои се третирани медиумските работници од страна на политиката, се наведува во соопштението.

Според Синдикатот, ваквиот однос, којшто, како што велат, се повторува во континуитет, не е однос кон новинарите и медиумите, туку однос кон јавноста.